еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) И Заев во стратешкиот тим на СДСМ

И поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев е дел од стратешкиот тим на владејачката партија.

Актуелниот лидер и премиер Димитар Ковачевски објави фотографии од синоќешниот состанок на тимот, а дел од медиумите тоа го толкуваат како покажување сплотеност на партијата.

“СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат.

Денешниот координативен состанок на стратешкиот тим е во оваа насока – да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030 година.

Европскиот пат и полноправното членство во ЕУ е највисок државен и национален, македонски приоритет. Ова е клучен момент, се работи за сегашноста, стабилноста и извесната иднина на сите наши граѓани, за иднината на денешните и идните генерации.

Граѓаните заслужуваат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја, нивната татковина“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Фото: Ковачевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица поднесе кривична пријава против министерот Спасовски

Редакција

Ковачевски без конкретен одговор за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР, опозицијата ја обвини за шовинизам кон жените

Редакција

(Видео) Чарлс Трети вети дека ќе служи со „лојалност, почит и љубов“: Вилијам е идниот престолонаследник, на Хари му посака среќа преку океанот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница