еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Двапати бил хоспитализиран во Бардовци синот кој го уби таткото во Скопје

Пред неколку дена А.П. (28) во Скопје го уби својот татко (75).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син уби татко во Скопје

Од Јавното обвинителство (ЈО) информираа дека тој му нанел повеќе убодни рани со нож по телото и главата, а кога убиениот се обидел да се одбрани, движејќи се кон ходникот, паднал на подот, а осомничениот продолжил да му нанесува убоди по целото тело додека не починал.

За здравствената состојба на убиецот се вршат вештачења, информираа од ЈО.

Фокус пак објави дека тој бил со нарушена психичка состојба и бил хоспитализиран во Психијатриската болница „Бардовци“, а информацијата ја потврди актуелниот директор на болницата, Мухин Арифи.

„Пациентот е по втор пат хоспитализиран во нашата болница како доброволна хоспитализација. Пациент кој е на доброволно лекување според протоколите може да ја напушти болницата на свое барање, сам или во придружба на член од семејството.

Во конкретниот случај, пациентот на пробен престој е земен од страна на таткото“, вели Арифи за Фокус.

Убиецот е во притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инспиративна приказна: Соња и Владимир од град се преселија на планина, работат таму и сами го градат нивниот дом Царевец

Силвана Жежова

Започна судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција

Оилко лани со зголемена добивка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница