еМагазин
Балкан

ОН: Тачи, Харадинај и Пацоли не се поканети на Генералното собрание, приватно се во Њујорк

Приштинската делегација, Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Беџет Пацоли, не добиле покана за седницата на Генералното собрание на ОН, и тие во Њујорк престојуваат приватно, соопшти портпаролот на ОН, Ери Канеко.

– Тие не се официјално повикани, причините се познати и тие можат да бидат само приватно во Њујорк, рече Канеко. Таа демантира информации од Приштинската ТВ Клан Косова, кои јавија дека Тачи учествува во работата на Генералното собрание.

Како што пренесе приштинска Бота сот, повикувајќи се на Прешева јон, Канеко објаснила дека во работата на ГС учествуваат претставници на држави членки на ОН со покана, а во расправата на високо ниво може да зборуваат само претставници на држави-членки и постојани набљудувачи, пренесе Танјуг.

Таа вели дека Приштина нема ни статус на постојан набљудувач во ОН туку дека тоа се само Ватикан и Палестина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватската амбасадорка во Бугарија повикана на разговор во бугарското МНР поради изјавата на Милановиќ за Македонија

Редакција

Грција денеска ги отвори границите за Србија и Бугарија, не и за Македонија

Редакција

(Видео) „Бев на часови по англиски“: Бабичка од Србија му се „правда“ на полицаец зошто е надвор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница