еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Најмногу снег има на Попова Шапка, 64 сантиметри, во Маврово 57, а во Круешево 36

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираше дека најмногу снег во изминатото деноноќие наврнал на Попова Шапка – 64 сантиметри.

Во Маврови Анови снежната покривка е 57, во Круешево 36, Дебар 34, Штип 32, Демир Капија 31, Тетово 30, Берово 27, Прилеп 20, Охрид 17, Струмица 15, а во Скопје 11 сантиметри.

На Попова Шапка утрово е и најстудено 10 степени под нулата, -8 се измерени во Маврови Анови и Крушево, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Охрид и Претор, -3 Тетово, Дебар и Виница, -2 во Скопје, Куманово и Штип, -1 во Велес, Кавадарци, Струмица и Демир Капија, а 0 во Гевгелија.

Утринава снег врне во Скопје, Крива Паланка, Тетово, Штип, Берово, Куманово и Дебар.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и студено со повремен снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Филбис“ го доби тендерот на општина Гостивар за изработка на проект за гасоводна мрежа вреден 57.000 евра

Редакција

Девет повредени во пожарот во Кочани на домашно лекување, од странство се враќаат уште осум

Редакција

(Галерија) Приведени тројца повратници на ИСИС кои во Македонија планирале терористички напади

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница