еМагазин
Image default
Локално

Нападнати полицајци на кружен тек во Тетово

На 26.10.2018 година во 17,00 часот од страна на двајца полициски службеници од Пoлициската станица за безбедност на патниот сообраќај -Тетово, во Тетово на кружен тек од бул.„М.Тито“ и бул.„Јане Сандански“, во редовна сообраќајна контрола било стопирано патничко моторно возило ,, Шкода“ со швајцарски национални ознаки управувано од Р.Ќ (41) од с. Слатино, со адреса на живеење во Швајцарија, информира МВР.

Во возилото покрај возачот се наоѓале и двајца сопатници Р. И(29) од с.Слатино, Б. Ш(25) од.с.Слатино. Од страна на полициските службеници од возачот било побарано да приложи документи за идентификација, но возачот одбил да се идентификува и започнал вербална расправија со полициските службеници, а потоа со двајцата сопатници во возилото и физички ги нападнале полициските службеници.

Трите лица биле совладани, приведени и задржани во полициска станица. СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со влекач „Сканиа“ ја „реновирал“ кабината на патарината кај Градско и побегнал

Редакција

Детали од Обвинителството за сообраќајката на патот Кичево-Гостивар во која загинаа три лица

Редакција

Газда на ноќен клуб претепал стружанец

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница