еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Формирана Комисијата за помирување: Кој ќе ја води?

Во Собранието денеска е формирана Комисијата за помирување, на иницијатива на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Иницијативата беше разгледана на координација на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на законодавниот дом.

Со Комисијата за помирување ќе претседаваат потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски и пратеничката Емилија Александрова. На првиот состанок по одредување на членовите на Комисијата ќе треба да се определат темите и надлежностите на ова тело.

На денешната координација кај Џафери не присуствуваше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, а веднаш на почетокот средбата ја напушти Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците, кој смета дека ова е отворање на мала врата за амнестијата за настаните во Собранието на 27 април минатата година.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рашиди од Алијанса на Албанците ја напушти средбата кај Џафери: Се протуркува идејата за амнестија за настаните од 27 април

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со испитување на вештачи продолжи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Ал Каеда доби нов лидер полош и од Осама бин Ладен и се подготвува повторно да стане најголемата закана за светот

Редакција

Почнаа сеизмичките истражувања за наоѓалишта на природен гас во Грција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница