еМагазин
Image default
Бизнис

СЈО ги „тресе“ фирмите на Камчев

Обвинители од Специјалното јавно обвинителство утрово влегле во сите фирми на бизнисменот Орце Камчев, јави „sdk.mk“.

СЈО врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ и во други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба. Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР, велат неофицијално од СЈО, но не кажуваат за какви сомневања станува збор, односно какви кривични дела истражуваат со инспекторите од организиран криминал од МВР.

Нема информации во моментов додека трае претресот ни дали се врши заплена, а ни дали е некој уапсен.

Извор: sdk.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судскиот совет одлучи Обвинителството да го преземе случајот во кој од Македонски телеком Фокуснет од Штип бара 4 милиони евра

Редакција

Центарот за јавно здравје – Скопје вработува 14 лица, плата до 33.727 денари

Редакција

Адинг со зголемена добивка во првите шест месеци од годинава

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница