еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Империја“ е нова истрага на СЈО: Вклучени семејството Камчеви, Мијалков и сопственикот на „Пелистерка“ Панделески

СЈО информира дека „спроведена е опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети кои се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои воспоставена е надлежност на ова Јавно обвинителство“.

„Денес е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камчев: Моите компании работат законски, отворени сме за соработка со СЈО

При денешните претреси на СЈО, уапсени пет лица

СЈО ги „тресе“ фирмите на Камчев

Фото: СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да се зголеми домашното производство на струја и да се искористат сите можни ресурси, апелираат од Стопанска комора

Редакција

Роднина на Цар Борис Трети дал согласност под негово име да се основа бугарското здружение во Охрид

Редакција

ОК, Катица го договарала Камчев за соработник-сведок, а Боки 13 во која улога е во приказната?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница