еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Казни за оние кои ја палат трската на Охридско езеро, но нема кој да казнува

Повторно гореше трска и ниска вегетација во близина на „Андон Дуков“, а од Охрид СОС прашуваат дали започнува „традиционалното“ палење на овој потег?

„Оваа активност е законски забранета, но и покрај тоа одредени поединци и понатаму продолжуваат со оваа пракса. Веројатно не се свесни дека со палењето тие ја загадуваат животната средина и ја намалуваат плодноста на почвата. Или толку им е гајле.

Со палењето на стрништата (како што ги класифицира државниот инспектор за животна средина) се уништуваат големи количини органска материја и скоро целокупната количина на азот во почвата. Исто така, палењето го забрзува намалувањето на содржината на хумус во почвата, ги уништува некои од потребните микроорганизми. Сепак, се чини како да е најлесен начин за некого да исчисти одреден простор кој потоа се користи како земјоделско земјиште, или за други цели“, велат од Охрид СОС.

Од таму потсетуваат дека казната за палење стрништа, плевели и други растителни отпадоци се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица.

„Освен казната, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата. Засега, нити некој е казнет, нити има желба за превенција и укажување на негативните последици од овие активности. Се пали, противпожарната служба ќе изгаси, ќе се смират страстите и ќе се заборави, до следниот пат. Инспекторите, ако излезат, само ќе продефилираат и толку“, додаваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компанијата Elica Sa го претстави епохалниот проект Египет-Грција – електрична интерконекција на Светската конференција на ОН за климатски промени COP27

Редакција

(Фото) Попова Шапка денес: Срам да ни е!

Редакција

(Галерија) Европските амбасадори во Македонија ни го чистеа ѓубрето

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница