еМагазин
Image default
Македонија

Почна повтореното судење за „Триста“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска одново почна судењето за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), против поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

На денешното рочиште беа изнесени воведни зборови од СЈО, а обвинетиот Поповски остана на ставот дека не е виновен за делото за кое се товари.

Во декември минатата година Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот и го врати на повторно судење.

Судијката Добрила Кацарска во мај минатата година го осуди Поповски на девет години затворска казна за злоупотреба на службената должност при спроведување на тендерската постапка и изборот на најповолна понуда при набавката на 300 возила за потребите на министерството.

Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени нови 11 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.705

Редакција

Пендаровски со косовската колешка разговарал и за унапредување на правата на Македонците во Косово

Редакција

20 лица од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 1 неодамна патувало

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница