еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Уште една жртва на несреќата кај Ласкарци: Почина девојката со ампутираната нога

На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, денеска почина уште една жртва од страшната сообраќајна несреќа, која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, информираат од Министерството за здравство.

„Станува збор за деветнаесетгодишната девојка, на која и беше ампутирана ногата. Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец правеа сѐ за го спасат нејзиниот живот. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата“, изјави раководителката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова Мијовска.

Починатата девојка е 16-та жртва во несреќата кај Ласкарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор од 30 дена за сопственикот, раководителот и возачот на на „Дурмо Турс“

Фото: meta.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска сага: Работат, а живеат во сиромаштија

Редакција

Capitol Mall и здружението Ајнштајн во мисија да ја подигнат јавната свест за дислексијата

Редакција

Нов предлог-закон за употреба на македонскиот јазик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница