еМагазин
Image default
Македонија

Играорецот вели дека Охрид е албански град, затоа ставил албанско знаме на Самоиловата тврдина

Наводниот играорец Ѓерг Прекоцај (50), од Ѓаковица, Косово, во разговорот за албанската новинска агенција ИНА (Ilirya News Agency), вели дека нема ништо спорно во тоа што тој и неговите пријатели од групата „Арбреши” го поставиле албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.

Според него Охрид е албански град.

Тој вели дека дошле во Охрид и Струга да ја прослават 552 годишнината од битка на Скендербег во одбрана на албанските територии, и вели ова е „наша земја и Охрид е албански град“.

„Господ ни ги дал овие територии, тие ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме.

Во времето на Скендербег на Самоиловата тврдина се веело албанското знаме. Ова е наша земја и нема да застанеме… Ова е арберска земја, земја на Ѓерѓ Кастиоти…“, вели тој за ИНА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Џафери казната за играорецот кој постави албанско знаме, требало да биде поблага

Играорецот кој го постави албанското знаме на Самoилова тврдина доби парична казна и забрана за влез во државата

Алијанса за Албанците за албанското знаме на Самоилова тврдина: Не се променил дискриминаторскиот менталитет

Фото: ИНА/Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се проверува дали има одговорност кај градоначалникот Димитриевски оти не им кажал на премиерот и министрите дека се тестирал

Редакција

Нови 140 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

Редакција

Забрани за движење за младите до 18 години и за постарите од 67 години

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница