еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Починале на место: Познат идентитетот на петтемина загинати во сообраќајката кај Драчево

Возачот и четворицата патници од возилото „рено 5“ се загинатите лица во сообраќајната несреќа што е случи синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ пред скопската населба Драчево.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајката се случила во 23.40 часот помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(44) од Скопје “ и патничко возило „рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје.

Возачот Ј.П. и сопатниците во возилото „рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото на несреќата.

Возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Петмина загинати во стравична сообраќајка на влезот на Драчево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Членот на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје, Теодулос Скордис поднесе оставка

Редакција

Охрид има рок до февруари да се справи со дивоградбите, ако не УНЕСКО ќе го стави на листата на загрозени подрачја

Редакција

Пожар предизвикан од плински уред во скопски Карпош

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница