еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

УХМР најавува студен бран, со пообилни врнежи, засилен ветер и снег

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава ќе има пообилни врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре ќе се задржи облачно со пообилни врнежи, локално над 25 литри на метар квадратен, кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови (и во Полог и Пелагонија).

Повремени врнежи од снег ќе има и во делови од Скопската котлина.

Ќе почне да дува умерен северен ветер кој во вторник и во среда ќе биде засилен.

Повремен локален снег ќе има во вторник, а од среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, на места и под -10 степени, а и дневните на места ќе останат негативни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украинската Служба за безбедност тврди дека убиениот украински преговарач загинал во специјална задача

Редакција

Доктор Софијанова: Тахикардии, анемии, онесвестување, главоболки се дел од пост-ковид симптомите кај околу 200 деца

Редакција

Руските екипи суспендирани од Евролигата и Еврокупот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница