еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Нова верзија на познатата македонска апликација „МојВоздух“

Од денес, после скоро пет години постоење, „МојВоздух“ добива комплетно редизајнирана верзија, информира нејзиниот креатор Горјан Јовановски.

„Со прекрасен интерфејс кој што се стреми да им помогне на корисниците да подобро го разберат загадувањето, до нашата нова маскота Воздушко кој ја едуцира помладата публика за загадувањето и важноста на чист воздух! Но тука не запираме. „МојВоздух“ и понатаму ќе се стреми да воведува повеќе едукативна содржина, како и повеќе можности како граѓаните да ги преземат работите во свои раце и да ја подобрат животната средина. Се надевам дека со ова им испраќаме порака на надлежните институции дека притисокот нема да запре се дур не димеше сите чист воздух“, вели Јовановски.

„МојВоздух“ започна како иницијатива во 2014 година, и од тогаш има над 100.000 корисници низ Македонија и Србија.

Годинава, „МојВоздух“ ќе се прошири низ балканот (започнувајќи со Косово), и наскоро се надеваме дека ќе може да ја покренеме свеста на што повеќе граѓани околу штетата од загадувањето на воздухот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на мазут и на нафта за домаќинство, велат од “Шанса за Центар“

Редакција

Цементарница Усје: Емисиите постојано се под граничните вредности определени со закон

Редакција

Крајбрежјето кај Далјан исчистено од активисти, собрани над 50 вреќи ѓубре

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница