еМагазин
Image default
Локално

Србин и Турчин барани со потерници уапсени на скопскиот аеродром

На 22.08.2019 во 17,30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ на влез во РСМ, при вршење на пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Б.З.(24) од Р.Србија евидира со мерка “А” (апси). Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка .

Истиот ден во 21,00 часот на Граничниот премин “Меѓународен аеродром-Скопје“, на влез во РСМ, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Р.С.(61) од Р.Турција евидира со мерка “Aпси“. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дрско разбојништво во казино во Гевгелија

Редакција

Скопјанец нападнат од четири лица

Редакција

Подигнато обвинение за едно од грозоморните убиства во Струмица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница