еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Второосмничениот во „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец пуштен во домашен притвор

Второосомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец ќе биде пуштен во домашен притвор, откако денеска судија на претходна постапка, по добиено позитивно мислење од обвинителството, го уважи предлогот на одбраната како основан.

– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на одбраната на З. М., опфатен во предметот во јавноста познат како „Рекет“, за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор од 19.09.2019, истиот го достави на мислење кај надлежен јавен обвинител.

Денеска по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби, донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд во Скопје.

Со оглед дека жалбата не го одлага извршувањето, од Основниот кривичен суд информираат дека решението е испратено до странките, а обвинетиот ќе биде спроводен на издржување на мерката куќен притвор во неговиот дом.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што ако денеска нема цензус и не се избере нов претседател на Македонија

Редакција

Формиран е регионален кризен штаб за пожарите, ќе го координира Митко Јанчев

Редакција

Младите реализираат идеи со цел ова општество да го направат подобро место за живеење

Силвана Жежова

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница