еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Сите детали: Кој има право и колку чинат субвенциите за печки на пелети

Министерството за економија денеска го објави Јавниот повик за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои домаќинствата ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут.

Со оваа Програма, се предвидува на жителите кои ќе купат печки на пелети со кои ќе се заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут, да им се овозможи надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети до 50%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2019 година.

Во Буџетот на Министерство за економија за 2019 година за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 30.000.000 денари.

Согласно Програмата, право на учество освен ранливите потрошувачи имаат и сите оние лица кои купиле печки на пелети во периодот од 1 јануари 2019 година до денот на завршување на јавниот оглас и за оваа категорија на баратели, исто така во Буџетот се обезбедени 15.000.000 денари.

Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен“ и по искористувањето на средствата за оваа намена ќе бидат изготвени решенија за исплата на надоместокот, информираше Бектеши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка ја зголеми основната каматна стапка на 1,75%

Редакција

Топ 5 најниски плати

Редакција

Граѓаните и годинава ќе имаат можност да добијат поддршка за станбен кредит преку проектот „Купи куќа, купи стан“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница