еМагазин
Image default
Македонија

Јанева на средба со јавниот обвинител Јовески: Се одредува судбината на истрагите и предистрагите на СЈО

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска одржа работна средба со Катица Јанева, јавен обвинител на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), информираат од Обвинителество.

„На состанокот стана збор за Начелното правно мислење донесено на општа седница на Врховниот суд на Република Македонија со кое е утврдено дека: „Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност…“.

На средбата беа разгледани состојбите и можностите за натамошно постапување по предметите по кои постапува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во тој контекст, Јовески и Јанева се согласија дека постапувањето по овие предмети ќе продолжи согласно позитивните законски прописи“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се спасат ли Ахмети, Мијалков, Бонева, Камчев, Османи, Милошоски, Тодоров… од прогон?

Врховен суд го „погреба“ СЈО: Не смеело да отвора истраги по рокот од 18 месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Средба Ковачевски – Ескобар: САД се за итно решавање на прашањата со Бугарија и за брз старт на преговорите со ЕУ

Редакција

Македонија е во фаза на широка трансмисија на Ковид-19, подниво 3, со умерени капацитети за одговор

Редакција

Петмина починати од Ковид-19, најмладиот на 39-годишна возраст

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница