еМагазин
Image default
Македонија

Димитров: Тешко е да се проголта фактот дека Груевски ќе бара спас во земја-членка на ЕУ

Помислата дека авторитaрен владетел кој оставил зад себе такво наследство, а сега осуденик, од земја кандидат за членство во ЕУ ќе бара спас од раката на правдата во земја членка на ЕУ, не може воопшто да се проголта, вели во пишана изјава министерот за надворешни работи, Никола Димитров во врска со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија.

„Никола Груевски е тој кој што успеа да ја претвори Република Македонија во заробена држава за време на неговото владеење, како што беше посочено и во извештајот на Европската комисија од 2016 година.

Сите ние овде, но исто така и во Европа, ги слушнавме телефонските разговори кои беа објавени во 2015 година, а кои индицираат огромни злоупотреби на функциите, изборни измами и корупција.

Да не го заборавиме и податокот дека, како поранешен премиер, тој исто така користеше и полициско обезбедување составено од полициски службеници кои самиот ги одбрал, коешто ги прави наводите за постоење закани кон неговата лична безбедност целосно лажни“, вели Димитров.

Фото: Влада на РМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?

Орбан: Го примивме Груевски, но не се мешаме во внатрешните работи на Македонија

Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?

Судбината на Груевски во рацете на „лошото момче“ Виктор Орбан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Арсовска покажа суета и ставање на својот личен интерес пред тој на градот“: ВМРО-ДПМНЕ разочарани од „аматерскиот однос“

Редакција

Починаа десет пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 442

Редакција

Рекордни 20 новозаболени од коронавирусот во Тиквешко

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница