еМагазин
Македонија

Досега аплицирани 175.348 дози вакцини, вчера се вакцинирале 14.548 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани, информираше на неговиот Фејсбук-профил, министерот за здравство Венко Филипче.

„Вчера вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани,“ напиша Филипче.

Тој посочува дека желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk изразиле 330.513 граѓани.

„Пријави се на vakcinacija.mk  бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација,“ апелира Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тага во Општата болница во Охрид: Медицинска сестра почина од Ковид-19

Редакција

(Фото) Од денеска Македонија е целосно воено интегрирана во Алијансата, потпишана заедничката декларација со НАТО

Редакција

Зголемување од 35,4%: За една недела 172 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница