еМагазин
Бизнис

Државните хартии од вредност ќе котираат на Македонска берза

Државните хартии од вредност ќе котираат на Македонската берза. Тие ќе станат достапни и за странските институционални инвеститори, а зголемената побарувачка ќе придонесе да се намалат каматите за државата, соопшти Министерството за финансии.

Ова го најавил министерот за финансии Драган Тевдовски на шестиот Ерсте инвеститорски појадок.

-Сведоци сме на раздвижување на Македонската берза. Од почетокот на годинава има значајно зголемување и кај обемот и кај вредноста на МБИ10. Во оваа насока сакам да најавам дека Министерството за финансии е во преговори со Македонска берза државните хартии од вредност да почнат да котираат на берзата. Тие ќе станат достапни и за странските институционални инвеститори. Зголемената побарувачка ќе придонесе да се намали каматниот трошок на државата. А, ќе се зголеми и ликвидноста и транспарентноста со секундарното тргување, рекол Тевдовски.

Министерот за финансии посочил дека Министерството за финансии ја следи европската пракса кај пазарот на капитал. Со гласно тоа, Законот за хартии од вредност, донесен во 2005 година, ќе биде заменет со два нови закона.

-Со нив ќе се подигнат стандардите за транспарентност на пазарот и ќе се воведе повисоко ниво на заштита од злоупотреби согласно со европската пракса. Во дизајнирањето на реформите значајна улога има и Советот за развој на пазарот на капитал, каде покрај регулаторите членуваат и асоцијациите на банки, хартии од вредност, осигрурување и инвестициските фондови, рекол Тевдовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хари Локвенец поднесе оставка од директорската функција во Железници – Инфраструктура

Редакција

Аеродромите во Скопје и Охрид со речиси половина милион патници во првите три месеци од 2019 година

Редакција

Срамота: Шеесетина трговци неосновано покачиле цени на производи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница