еМагазин
Бизнис

Еуростат: Во Македонија околу 46.000 легла за сместување туристи

Македонија располага со околу 46.000 легла за сместување туристи од кои 20.500 хотелски, покажува најновата анализа на Еуростат.

Листата ја предводи  Франција со 5,1 милион легла што е 16,4 отсто од вкупниот број во ЕУ, а потоа се Италија со 4,9 милиони или 15,8 отсто од ЕУ, Велика Британија со 3,9 милиони и Шпанија со 3,5 милиони или 11,2 отсто од ЕУ.

Од земјите во регионот, предничат Грција со околу 1,2 милиона, Хрватска со 987.272 и Бугарија со 328.264 легла.

Во ЕУ вкупно бројот на легла за сместување туристи достигнува околу 31,4 милиони. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ГТЦ“ ја зголеми добивката за 198 отсто

Редакција

„Изофас“ го доби тендерот на општина Прилеп за реконструкција на стадионот „Гоце Делчев“ вреден 436.000 евра

Редакција

Стопанска банка Скопје ќе дели дивиденда

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница