еМагазин
Image default
Бизнис

Корисниците на осигурителни полиси ќе се штитат од измами со закон

Oсигурителните компании ќе бидат обврзани, во рок од пет дена, сите измени што ги прават во општите и посебните услови на полисите за осигурување да ги објават на својата веб-страна.

Ова се дел од измените и дополнувањата што Министерството за финансии ги направи во Законот за супервизија на осигурување, со цел заштита на правата на потрошувачите, како и подобра информираност и поголема транспарентност.

Од Министерството за финансии информираат дека во насока на обезбедување на целосно ликвидни средства за непречено сервисирање на обврските на друштвата за осигурување, предложено е дополнување на законот. Согласно предложената одредба, акционерскиот капитал на друштвото за осигурување мора да биде само во паричен облик и да биде уплатено во целост.

Според Министерството за финансии од особена важност за осигурителната фела, поточно актуарската професија, е предложената измена во законот со која се предвидува нов концепт за полагање на испитот за актуар.

– Досегашниот електронски начин на полагање се покажа како неприменлив во пракса, поради што и подолг период не се одржал испит за актуари. Со измената на законот, повторно се отвора оваа можност за професионалците од осигурителната фела, појаснуваат во соопштението.

Измените и дополнувањата на законот се влезени во собраниска процедура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново зголемување на каматните стапки на Народна банка, сега се на ниво од 4,25%

Редакција

4iG која сака да влезе на македонскиот пазар годинава ќе го лансира првиот унгарски сателит во орбитата

Редакција

Пекабеско лани со рекордни 159 милиони денари за инвестиции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница