еМагазин
Свет

„Фејсбук“ согласен да плати рекордна казна од пет милијарди долари

Од Фејсбук соопштија дека се согласиле да ја платат казната од пет милијарди долари во врска со скандалот околу компанијата Кембриџ аналитика.

Тоа е најголемата парична казна во светот заради недозволено користење лични податоци.

Во соопштение од американската Трговска комора се нагласува дека социјалната мрежа е задолжена да ги подобри налчините за заштита на личните податоци. Комората бара од ФБ да сигнализира за инциденти поврзани со информации на 500 или повеќе корисници.

Компанијата ќе треба да ги решава проблемите и да документира за тие сигнали во рок од 30 денови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Најмалку 68 лица загинаа во авионска несреќа во Непал

Редакција

Вредноста на американскиот долар драматично расте, на еврото паѓа

Редакција

(ВИДЕО) Во земјотрес на Хаити загинаа најмалку 304 лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница