еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Андреја Јосифовски на 45. место на листата на најбогатите во регионот

И Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје е на листата на 100. најбогати во регионот, која ја објави српскиот магазин „Недељник“.

Тој е на 45. место со проценето богатство од 565.501.055 евра.

Како што објаснуваат од неделникот рангирањето не покажува колку пари имаат бизнисмените на листата, туку колку вредат нивните компании (или акциите кои ги поседуваат, н.з.) и колку пари потенцијално би можеле да добијат ако ги продадат денеска.

Магазинот досега онлајн ги објави првите 50 најбогати во регионот, а како што објави еМагазин, од Македонија засега на листата се појавија и сопственикот на „ИГМ трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев, кој е единствениот милјардер од земјава и е рангиран на 18. место и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, кој е на 38. место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И Живко Мукаетов на листата на 100 најбогати во регионот

Кој е Илија Гечев, единствениот милјардер од Македонија на листата на најбогатите во регионов

(Фото) Илија Гечев, единствен милијардер од Македонија на листата на српскиот магазин „Недељник“

„Недељник“ ја направил листата во соработка со две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза и водечки регионални медиуми.

Останува следните денови да видиме кои други бизнисмени од Македонија ќе се најдат на листата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имотот на петте најбогати Македонци изнесува 23,9% од македонскиот БДП, пресмета српски „Недељник“

Фото: Макпетрол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни 1.192 случаи со Ковид-19 од 3.211 тестирања, половината од нив во Скопје

Редакција

Каков имот пријавила Снежана Бундалевска Георгиевска, новата обвинителка во Вишото јавно обвинителство

Редакција

Горивата поскапуваат за денар и денар ипол

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница