еМагазин
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Моделот Андреј Пајмакоски склучи ексклузивен договор со престижната ЕЛИТ агенција

Пред само два дена на барање на модната агенција Елит од Милано нашиот интернационален модел Андреј Пајмакоски замина за Милано за да го потпише ексклузивниот договор.

„Еlite Model Management и денес е една од трите светски водечки модни агенции во светот. Нашиот Андреј секако имаше успешна година позади себе каде изработи голем број кампањи и едиторијали помеѓу кои беа за Дона Матоши (Косово), Спорт Вижн (Србија), Replay (Косово), како и последната кампања за Фешн Груп (Mango Man, Dan John и Bitsiani).

Откако се појави на модната сцена кај нас сите му предвидоа блескава кариера во моделингот, затоа и беше сосема разбирливо да го букираат едни од најдобрите. Според сите модни параметри и стандарди, Пајмакоски е на добар пат да го покори модниот свет, ние сме горди на неговата посветеност и крајна професионалност.

Во секој случај да се биде дел од светски признаена модна агенција како Елит е голема чест и привилегија за нашиот убавец ,“ велат од матичната агенција Моделс Ин Менаџмент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Директорот на Витаминка, Сашо Наумоски стана почесен конзул на Украина во Македонија

Редакција

Осумднeвен притвор за браќата кои претепаа лекар во Тетово

Редакција

(Фото) Кавадарци доби ново осветлување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница