еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) По успешните снимања во Сеул, македонскиот топ-модел Елена Реи работно е ангажирана во Кина

Модната индустрија се уште се наоѓа во прилично тешки услови поради пандемијата и воената состојба во Украина. Оттука, тешко и со многу напор моделите се одлучуваат да заминат и да работат на интернационалните пазари. Но, и во вака тешки услови и отежнати патувања многу модели веќе заминаа во различни земји.

„Во моментов нашиот најуспешен топ модел Елена Реи се наоѓа во Кина поточно во градот Гуангжоу каде има фотографирање за нова кампања, но само пред две недели беше во Сеул – Јужна Кореја каде фотографираше и снимаше за престижниот моден магазин Shinsegae.

Токму за овој едиторијал Елена носеше комплетни стајлинзи на Lee Yoonkyung, трендовски комбинации на врвните брендови како Tom Ford, Miu Miu & Gucci.

Нејзиниот престој во Сеул и донесе и голема модна кампања за раскошниот накит на Chopard. После долгата пауза заради ковид-пандемијата, Реи сега повторно ги освојува светските модни центри,“ изјавија од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Павле Трајанов предлага реизбор на сите судии: Дојдовте на власт со паролата „Нема правда, нема мир“, а од правда ниту првата буква

Редакција

(Видео) Силно невреме во Кавадарци: Поплавени улици, подруми, пропаднато возило

Редакција

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид-19 од 2.636 тестирања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница