еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Пропаганда со деца: Бугарска фондација престави ученици од Битола како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Фондацијата „Бугарска меморија“ на бугарскиот бизнисмен д-р Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Македонија со имиња на соработници на фашистите на социјалните мрежи и на официјалната веб страна информира дека ученици од Македонија кои биле “истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов““ од Битола биле на дводневна посета на Софија како составен дел од програмата за градење добрососедски односи и европска интегрaција “не само на Бугарија, туку и на Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ: Милен Врабевски, финансиерот на бугарските клубови бил гостин на Заев во Владата

Во објавата стои и дека заедно со учениците биле и Жанета Сервини и Љубчо Здравковски – директор и заменик директор на техничкото училиште „Ѓорги Наумов“, Битола.

Тие го посетиле приватното основно училиште „Цар Симеон Велики“ во село Ивањане, ја разгледале базата и разговараа со раководството за можностите за идна заедничка работа меѓу двете институции.

Учениците слушнале предавање од Димитар Борисов од Националната гарда поврзано со историјата на Националната гарда и разговарале со Врабевски.

Учениците биле и во посета на Националниот историски музеј.

Фото: Бугарска меморија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти, а вкупно се лекуваaт 306

Редакција

Девизните резерви достигнаа историски максимум од 5.029 милиони евра

Редакција

Ондер Хасдемир, комерцијален директор на Diamond Mall: Ќе понудиме уникатни опции за забава и разновидна понуда на можности за дружење

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница