Министерството за туризам на Грција, го решило проблемот со вчитување на „кју ар“ кодовите кои се на дигиталните сертификати за вакцинација, издадени во Србија, јавија српските медиуми.
Откако во Грција е воведена мерката дека во затворени простории може да влегуваат само вакцинирани, српските туристи воочија проблем дека, при проверка, „кју ар“ кодот од сертификатите не можеше да се вчита.
Српските власти информираа дека се работи за технички проблем, кој најбрзо беше решен.
Потврдата за вакцинација, може да се прикаже како документ или дигитално, а потребен е и документ за идентификација.
Фото: Photo by Lukas on Unsplash