еМагазин
Image default
Локално

И Град Скопје подготвен за Black Friday

Поучени од негативните искуства од минатите години за време на Black Friday со голем број негативни примери за неправилно одложување на отпадот и непрописно паркирање, Град Скопје утре (29.11.2019, петок) ќе ги засили инспекциските контроли околу шопинг центрите во Скопје, информираат од таму.

„Градските инспектори за патен сообраќај ќе вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, а комуналните инспектори ќе вршат засилени контроли во однос на неправилното одложување на отпадот. Согласно со правилата за третман на отпадот, амбалажата за пакување на големите производи (особено за бела техника) се третира за кабаст отпад и не треба да да се одлага во садовите за отпад, што беше честа појава изминатите години околку трговски центри за време на овие попусти.

Град Скопје ги потсетува потрошувачите за можноста овој вид на отпад да се одложи во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок. Воедно, апелираме до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројката порасна: Десет поранешни пациенти на штипска ортопедија се заразиле со хепатитис Ц

Редакција

Богдановиќ за плацот кај „Холидеј ин“: Aко некој не го фати за гуша тој што направил план во 2012, бадијала расправаме

Редакција

Кичевчанец при лов случајно убил 40-годишен маж од Бигор Доленци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница