еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кога ќе има предвремени избори, во април, мај или октомври?

Власта и опозицијата имаат различен став и кога да се одржат евентуални предвремени парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ бара истите да се одржат во април или мај следната година, а од владејачката СДСМ го предложија октомври 2020 година.

„Како опозиција ние бараме час поскоро предвремени избори. Изборите се можност Зоран Заев да провери дали навистина блеска. Опозицијата е подготвена веднаш“, изјави вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ барааат избори на почетокот на април, почитувајќи ги Велигденските празници, или до крајот на мај, имајќи го во предвид празникот Рамазан.

Премиерот Заев и лидер на СДСМ, пак пред неколку дена го предложи октомври следната година како термин за можни предвремени парламентарни избори, на што од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека е разумна основа за разговори со власта на таа тема.

Како и да е, многу работи за тоа дали ќе има предвремени избори и кога истите би се одржале ќе стане јасно веќе во октомври, кога ќе се знае дали Македонија конечно ќе добие датум за старт на преговори со Европската Унија или не.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори во април или мај

ВМРО-ДПМНЕ: Предвремени избори во октомври догодина разумна основа за разговори со власта

Заев: Ако опозицијата сака избори може да се одржат во октомври 2020 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Таткото на Фросина Кулакова раскажа што се случувало дентата кога ја загуби ќерката

Редакција

Во болниците низ државата вкупната бројка на хоспитализирани пациенти заразени со корона вирусот е 417 возрасни и четири деца

Редакција

Таравари потврди дека имаат кадар за Министерство за здравство ако влезат во Влада, а шансите биле големи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница