еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Кривични пријави за загадувањето на Дебарско Езеро

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривични пријави против правно и две одговорни лица во врска со загадувањето на Дебарско Езеро, што се случи во средината на март годинава.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“, Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против правно лице од Дебар како и против Т.Д.(56) од Скопје и А.Д.(55), од Дебар, одговорни лица во правниот субјект за „несовесно работење во службата, изјави Стефан Димоски портпарол на секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека на 19 март годинава, одговорните лица, дозволиле истек на употребено моторно масло сопственост на правното лице, во градската канализациска мрежа, а оттука преку поток кај месноста „Трап венец“ во водите на Дебарското Езеро.

-Со тоа, пријавените ја загрозиле животната средина и околината и постапиле спротивно на одредбите од законот за управување со отпад, законот за животна средина и од правилникот за постапките и начинот за собирање, транспортирање, преработка, складирање, третман и отстранување на отпадните масла, рече Димоски.

Загадувањето на езерото, кое негативно влијаеше врз флората и фауната, предзивика голем револт меѓу жителите на Дебар, а го осуди и Спортското риболовно друштво „Трофта“, кое е концесионер на езерото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За неколку дена ново загадување на Дебарско Езеро, овој пат кај Мелнички Мост

По излевањето на мазут: Истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарското Езеро

(Фото) Голема количина мазут се излеа на брегот на Дебарското Езеро

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кој се дојде на прошталниот прием на Самуел Жбогар

Редакција

Како во Финска речиси го искоренија врсничкото насилство

Редакција

Соња Симовска избрана за в.д. јавен обвинител за наредните шест месеци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница