еМагазин
Image default
Локално

Кумановец усмртил жена на магистралниот пат за Крива Паланка

Патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ. (33) од Куманово, вчера попладне на магистралниот пат за Крива Паланка удрило во Р.П. (64) од село Луке, Крива Паланка.

По несреќата Р.П. била пренесена во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош каде околу 19,20 часот од страна на лекар била констатирана смрт.

Несреќата се случила во близина на населбата Карпош, а била пријавена во 18:30 часот.

МВР соопшти дека е извршен увид од Јавен обвинител и од увидна екипа на СВР Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен Полјак кој фотографирал воени објекти на Криволак

Редакција

Кривична пријава за нотар кој за 450 денари издавал лажни акти

Редакција

Посебен сообраќаен режим од 13 часот низ улиците на Скопје поради најавен протест

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница