еМагазин
Image default
Македонија

Лани раст на бројот на дипломирани студенти

Во 2021 година дипломирале 7.753 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува зголемување за 12.2 отсто во споредба со 2020, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 6.528, односно 84.2 отсто се редовни, а 1.225, односно 15.8 проценти се вонредни студенти.

Од дипломираните, 58.8 отсто се студентки.

Во рок дипломирале 28 проценти од вкупниот број студенти, а по рокот 72 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 10 лица од Ковид-19, најмладиот на 47-годишна возраст

Редакција

Врховен ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за „Јавна соба“

Редакција

Владата донесе одлука за основање на државен студентски дом во Тетово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница