еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лично не сум го видел планот на Франција за Македонија, вели Петков

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека лично не го видел планот на Франција за посредување за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

– Планот на Франција, јас лично не сум видел ништо црно-бело, рече Петков во одговор на прашање на БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков додаде дека Бугарија отсекогаш била отворена и подготвена да разговара со сите европски партнери доколку имаат значајни предлози, но тие мора да бидат во рамковната позиција на Бугарија. Што и да се направи, според Петков, мора да се потврди преку рамковниот став на Бугарија, а да помине и низ бугарскиот Парламент.

Петков оваа изјава ја даде на врвот Околчица каде што денеска Бугарија го одбележува Денот на Ботев, со сенародно поклонение и помен на поетот – револуционер Христо Ботев, кој загина пред 146 години. Заедно со премиерот Петков беше и лидерот на бугарските социјалисти и вицепремиер Корнелија Нинова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Во редовна комуникација сме со Софија, но постојат и иницијативи од меѓународните партнери

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Абе не ви текна уште еден у скафандер да пратевте као демек Реџепи е“: Твитер реакции

Редакција

Горивата поскапуваат до 1,5 денари

Редакција

Премиерот Заев нема да поднесе оставка во случај на бугарско вето

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница