еМагазин
Image default
Бизнис

Македонската берза им изрече јавна опомена на четири компании

Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена на Технометал Вардар АД Скопје, друштво котирано на подсегментот Берзанска котација заради ненавремено објавување на неревидирниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2018 година.

На Благој Туфанов АД Радовиш, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2018 година, неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2018 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2018 година.

На Велес табак АД Велес, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2018 година, неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2018 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2018 година.

На Струмица табак АД Струмица, друштво котирано на подсегментот Задолжителна котација заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2018 година, неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2018 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КЕМЕТ Eлектроникс Македонија воведе автоматизирана машина со робот креирана од тим од македонски инженери

Редакција

Околу 90 отсто од дебарските јагниња годинава ќе завршат на италијанскиот пазар

Редакција

Народна банка: Раст на депозитите и на кредитите во март

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница