Македонскиот планинар Стоилко Стоицев успешно го искачи и симна врвот Аконкагва 6.962 метри надморска височина, информираа од неговиот планинарскиот клуб „Македон“.
„Огромен успех за него. Столе стана првиот човек од Македонија кој со својот инвалидитет, оштетен вид 90% го искачи највисокиот врв во Јужна Америка и можеби неофицијално само втор во светот со ваков проблем кој успеал на Аконкагва, честитки за Столе“, велат од „Македон.
Сезонава Аконкагва ја искачија и членови на планинарскиот клуб „Мамути“, а Александар Кирковски постави рекорд на Балканот во качување и симнување под 10 часа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Прекрасно: Глас како славеј одекна на Алпите со македонски песни
Фото: Фејсбук-профил на Стоилко Стоицев