еМагазин
Image default
Локално

Маж почина во пожар во Штип

Почина маж од Штип, кој се задушил во собата во која живеел.

Утринава пред 7.30 часот во Полициската станица Штип бил пријавен пожар од страна на пожарникарите, кои биле на лице место. Пожарот се случил на улица „19 Бригада“, каде 68-годишниот маж живеел под кирија, а сопственикот на куќата утринава забележал чад од неговата соба и ја повикал противпожарната служба.

И покрај брзата интервенција кај 68-годишниот маж е констатирана смрт.

Полициски службеници  беа на местото на настанот, увид изврши Јавен обвинител, а смрт е констатирана од страна на Брзата помош Штип.

Командирот на територијалната противпожарна единица Штип, Дарко Коцев истакна дека на терен излегле со две возила и седум пожарникари утринава во 7:20 часот. На местото е затекнато изгорено човечко тело при што веднаш се повикани екипите на брзата помош и полицијата.

Лекарите констатирале дека нема траги на насилство врз починатото лице, а истражните органи треба да откријат како настанал пожарот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице убиено, а друго е повредено при пукање во Батинци

Редакција

Кои се најдобрите трговски објекти во Скопје во категоријата „парфимерии и козметика“

Редакција

Уапсен татко од Битола кој секојдневно си ги тепал трите малолетни деца

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница