еМагазин
БЕНЧМАРК

На есен ќе има вакцини произведени во Европа и само со технологијата mRNA, која сега ја користат „Фајзер“ и „Модерна“

ЕУ од есен најавува нов план во снабдувањето со вакцини, најави потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас во интервјуто за грчкото радио „Скај“, објаснувајќи дека постои одлука преговорите да се водат со компанија што ја користи технологијата mRNA, производството на втората генерација вакцини да биде во Европа, а најблиску до овие услови е „Фајзер/Бионтек“.

Схинас откри дека планирано е ЕУ да обезбеди 900 милиони дози во 2022 година и други 900 милиони во 2023 година.

– Втората генерација вакцини, таканаречените засилувачи, што ќе ги покриваат сите можни мутации, треба во секој случај да бидат во платформата на mRNA.

Такви вакцини произведуваат „Фајзер“ и „Модерна“, а во договорите ќе побараме овие вакцини од втората генерација да се произведуваат во Европа и овој услов го има Фајзер, нешто што значи дека де факто се движиме во насока на преговори со Фајзер, бидејќи тие ќе можат не само да ни ги понудат овие засилувачи што ќе ги покријат сите мутации, туку и да го имаат и вториот важен услов што го бараме, а тоа е целото производство на оваа втора генерација вакцини да биде во Европа, во европски фабрики, објасни Схинас.

Во однос на т.н. „зелен пасош“, потпретседателот на ЕК рече дека сигурно Унијата ќе биде подготвени за летото, а целиот процес се очекува да заврши во првите седмици од мај.

МИА/Фото: Photo by Spencer Davis on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чист македонски јазик, историските прашања и протоколот не се дел од преговарачата рамка: Неофицијално што има во “францускиот предлог“

Редакција

Австрија нема да ја прифати Украина во ЕУ без Западен Балкан

Редакција

Во Велес се одржува Форум за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“од ИПАРД Програмата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница