еМагазин
Image default
Македонија

На судењето за „Титаник“ досега се презентирани 1.800 од околу 5.900 материјални докази

Со изведување материјални докази во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Досега се презентирани 1.800 од околу 5.900 материјални докази, предложени од СЈО.

Се презентираат лични документи, како барања за издавање лични карти, изјави за ополномоштени лица, извадоци од сметки, потврди и други документи.

Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Судот по бегството на обвинетиот Никола Груевски во Унгарија одлучи да му се суди во отсуство.

Освен Груевски во Титаник обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски: Тоа што Онишченко е на „црната листа“ на САД, не мора да значи дека е криминалец

Редакција

(Видео) Како ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот „Македонија“ ја прослави победата во првиот круг од претседателските избори

Редакција

Мицкоски: Ако Бугарија продолжи со своите барања, бараме напуштање на договорот и склучување нов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница