еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нема „зима“ за банките: Растат депозитите на граѓаните и компаниите

Во јули вкупните депозити бележат месечно зголемување од 1,3%, во услови на раст кај двата сектора, поинтензивен кај корпоративниот сектор, соопшти Народната банка.

Анализирано на годишна основа, во јули продолжува нагорниот тренд на раст на депозитите, кој достигна 11,3%. Овие остварувања се резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор, втор месец по ред е евидентиран месечен раст од 2,3%. Месечниот раст главно произлегува од денарската компонента, односно од зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во денари. Годишниот депозитен раст од 13,5%, покрај на депозитните пари (кои објаснуваат 58,5% од годишниот раст), се должи и на зголемените краткорочни и долгорочни депозити во странска валута.

Во јули, вкупните депозити на домаќинствата бележат нагорна месечна и годишна промена од 0,6% и 9,0%, соодветно. Анализирано од аспект на валутната структура, месечниот и годишен раст го движи растот и на денарската и на девизната компонента, при малку поизразен придонес на депозитите во денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Еквадорски претседателски кандидат убиен за време на кампања

Редакција

Пад на прометот на Македонската берза од 36% во првите три месеци од 2021 година

Редакција

Продадени 350.000 акции од „Нова осигурување“ вредни 3,2 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница