еМагазин
Image default
Македонија

Никола Димитров не ја исклучува можноста да се кандидира за претседател на државата

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој извесно време се споменува како можен кандидат за претседател на државата, не ја исклучува можноста да се кандидира за оваа функција.

Во емисијата „Отворено“ на телевизија „24 Вести“, Димитров рече дека е чест што се спомнува негово име како можен кандидат за претседател и одговори потврдно на новинарското прашање дали ќе се кандидира, притоа додавајќи дека не е во фаза во која може многу подиректно да одговори.

„Сега ние сме во еден важен процес на консултации, се проверува мислењето на граѓаните и коалициските партнери. Мислам дека има многу имиња што се одлични од овие што се споменуваат. Јас сум повеќе искрен, отколку скромен. Во секој случај, што се споменува моето име е чест“, рече Димитров.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како зборот консензуален стана нова придавка во изборите за претсeдател?

СДСМ го мери рејтингот на десет можни кандидати за претседател на државата

За што се подготвува Влатко Ѓорчев?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 63 пациенти, а вкупно се лекуваaт 520

Редакција

Собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ да заседава за случајот „Онишченко“, повикува Ковачевски

Редакција

Полицискиот час го прекршиле 22 лица, изречени 537 казни за неносење маска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница