По вооружениот грабеж кој утринава се случи во експозитурата Чаир на НЛБ Банка, од банката информираат дека клиентите кои се затекнале во експозитурата и вработените се безбедни и во добра состојба.
„Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително“, се вели во соопштението на банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пукотници во Чаир: Еден повреден при вооружен грабеж на НЛБ Банка