еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 98 случаи на Ковид-19, 79 оздравени, нема починати

Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 98 Ковид-случаи од 775 направени тестови, како и 79 оздравени пациенти. Не се регистрирани починати пациенти.

Како што соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, 68 нови случаи се регистрирани во Скопје, шест во Прилеп, по пет во Куманово и Битола, по три во Велес и Ресен, по два во Тетово, Кавадарци и Штип и по еден нов случај има во Кратово и Берово.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 26 реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица, а нема починати лица ниту во  Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 342.413, бројот на оздравени пациенти е 332.229, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 660.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oсигурениците најмногу се жалат на штети во сообраќај покриени со европски извештај

Редакција

Три лица осомничени за упадот во М-НАВ се сè уште во бегство

Редакција

Да ѝ ја вратиме насмевката на Џенета

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница