еМагазин
Image default
Балкан

Новите интерконектори овозможуваат да се направи нова енергетска карта на регионот, вели Петков

Бугарскиот премиер Кирил Петков на отворањето на меѓународната министерска тркалезна маса во Софија, посветена на регионалната соработка за енергетска безбедност, диверзификација и зелена транзиција, што се одржа во резиденцијата „Бојана“, рече дека новите интерконектори овозможуваат да се направи нова енергетска карта на регионот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, енергетските миксови на земјите од регионот може уште подобро да се оптимизираат за поголема трошковна ефикасност.

Премиерот на Бугарија ги поздрави учесниците на форумот од Северна Македонија, Грција, Романија, Србија, Турција, Украина и Азербејџан.

Петков, исто така, рече и дека средбата во Софија е за да се покаже дека единството е сила. Гледаме невидена војна во Украина и во исто време гледаме како енергијата се користи како оружје, изјави Кирил Петков.

Договорот меѓу Бугарија и руската компанија Газпром беше еднострано прекршен, рече бугарскиот премиер, додавајќи дека единствен начин да се компензира за овие негативни случувања е обединување на земјите од регионот и да се покаже дека диверзификацијата, оптимизацијата и сите други синергии меѓу нас се тука.

Тој додаде дека енергетските миксови во Западен Балкан може дополнително да се оптимизираат за поголема ефективност на трошоците.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бојко Борисов хит на социјалните мрежи: „Не кашлај“

Редакција

Милан Радоичиќ, како граѓанин даде изјава во српското МВР, за инцидентот во Бањска во Косово

Редакција

(ВИДЕО) И грчките ученици ќе се „борат“ против Договорот од Преспа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница