еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики

Обилните дождови предизвикаа проблеми во Солун и во реонот на Муданија, на полуостровот Халкидики, изјави директорот на Службата за цивилна заштита на регионот Централна Македонија, Хараламбос Стергиадис.

Тој додаде дека дождот предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија во регионот Муданија. Противпожарната служба примила повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, вклучително и Солун и Халкидики, за испумпување на вода, отстранување на дрвја и за транспорт на луѓе на безбедно.

Поплавени се и неколку патишта во регионот, поради што е блокиран сообраќајот. Во исто време, градоначалникот на Касторија, Јанис Коренџидис, побара прогласување вонредна состојба во неговиот град од страна на регионалниот гувернер на областа Западна Македонија, откако поројните дождови предизвикаа големи поплави, а исто така го погодија и земјоделското производство.

Национална метеоролошка служба предупреди дека денеска се очекува дождот и невреме со грмежи и можна појава на град во повеќето области на Грција, вклучително и островите.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.161 случаи на Ковид-19 од 3.114 тестирања

Редакција

Од новозаболените со коронавирусот, 5 се здравствени работници од Клиниката за кожни болести

Редакција

(Фото) Повеќе од 250 волонтери го исчистија Скопскиот аквадукт: Започна најголемата еко-акција „Генералка викенд“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница