Телевизијата Телма објави дека Крсто Мукоски, пратеникот, што ги отвори собраниските врати на 27. април е еден од 5-мината обвинети кои во петокот поднеле лично барање за амнестија во кривичниот суд, потврдиле за телевизијата судски извори.
Според Телма, барање поднел и Никола Митревски-Кољо, Оливер Радулов и Младен Додевски.
Крајниот рок да се побара амнестија е вторник. Потоа во рок од 5 дена судот и обвинителството треба да се изјаснат дали го прифаќаат барањето за амнестија или ќе продолжи постапката против барателите.
Фото: Фејсбук/Мукоски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иванов го потпишал Законот за амнестија
Обвинителката Рускоска не е задоволна од Законот за амнестија, ни како обвинител, ни како граѓанин