еМагазин
Македонија

Од денеска ќе се стави во функција новиот мобилен пункт за тестирање во Свети Николе

Комисијата за заразни болести одговори на барањето на Кризниот Штаб на Општина Свети Николе, да го направи подостапно земањето брисеви за граѓаните на оваа општина и соседната Општина Лозово.

За таа намена ќе се користи надворешен објект во близина на подрачната единица на ЦЈЗ Велес, Свети Николе со посебен влез и патека на движење целосно одвоени од другите пациенти.

Контролните прегледи ќе се закажуваат од ЦЈЗ Велес од страна на докторите, а првичниот преглед ќе се закажува преку матичен лекар.

Главна цел на отворањето на мобилниот пункт е да се овозможи побрзо тестирање на лицата кои биле позитивни на Ковид-19, а кои веќе подолг период се во изолација поради неможноста да патуваат во другите градови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца од новопочинатите од Ковид-19 починале надвор од болница, 26 се со претходни заболувања

44,4% од новозаболените со Ковид-19 во Македонија рекле дека имале контакт со потврден случај

21 лица од новозаболените со Ковид-19 во Македонија патувале во странство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гаши останува претседател на Собранието, за интерпелацијата гласаа само 21 пратеник

Редакција

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ протестираше против “реваншизмот и теророт на мафијата“

Редакција

Убава вест: Излекувани 23 здравствени работници заболени од коронавирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница