еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Од струен удар животот го загуби 22-годишно момче од тетовско Боговиње

Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртен случај на 22 годишник од Боговиње, кој животот го загубил поради повреди здобиени од струен удар.

Трагичниот настан се случил во соседното Камењане, каде 22 годишниот работел како градежен работник.

– Денеска (1 септември) во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската Клиничка болница бил донесен 22-годишниот Е.И. од тетовско Боговиње кој претходно, според првично пријавеното, задобил тешки телесни повреди од струен удар додека бил ангажиран на изведување на градежни работи (фасадирање) на училишен објект во тетовско Камењане.

По извршениот преглед, лекарите констатирале негова смрт.

По наредба на Јавниот обвинител ќе се врши обдукција на бeзживотното тело на Е.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Увидот е во тек со учество на јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската берза лани работела со намалена добивка

Редакција

Попусти до 70% на Late Night Shopping во Diamond Mall

Редакција

Прилепска пиварница повторно откупи сопствени акции

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница